четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

ВМРО – ДПМНЕ: Продолжуваат јаловите обиди на СДСМ да си измисли виртуелна Македонија

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

Продолжуваат јаловите обиди на СДСМ да си измисли виртуелна Македонија преку нивните соопштенија во кои во државата нема луѓе, нови работни места, странски инвестиции, патишта, возови, автобуси, спортски сали, училишта, градинки, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Продолжуваат јаловите обиди на СДСМ да си измисли виртуелна Македонија преку нивните соопштенија во кои во државата нема луѓе, нови работни места, странски инвестиции, патишта, возови, автобуси, спортски сали, училишта, градинки.

СДСМ би сакал да не губеше 9 пати по ред на избори од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ би сакал да нема стотици милиони евра субвенции за земјоделците кои ги доделува ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ би сакал да нема 140.000 нови работни места кои се отворени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ би сакал да не постојат повеќе од 50-те директни странски инвестиции во Македонија.

СДСМ би сакале да ги заборавиме 200.000 Македонци кои СДСМ ги остави на улица.

СДСМ би сакал да ги заборавиме 700 индустриски капацитети кои ги затвори во Македонија.

СДСМ би сакал да ја заборавиме нулата од странски инвестиции која е спомен на владеењето на СДСМ.

СДСМ би сакал да ги заборавиме стотиците милиони евра долгови кои ги остави на Македонија и кои ги плаќаме и ден денес. Пари со кои СДСМ не направи апсолутно ништо.

СДСМ би сакал анкетите да не се 24:12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ би сакал рејтингот на нивниот лидер да не паднеше рекордни 30% за само 4 месеци, што е светски рекорд.

Меѓутоа, Македонија не живее според желбите на СДСМ. Новогодишниот период наближува и легитимно е да се посакуваат желби, меѓутоа народот цени работа и одговорност. Народот ја дава довербата на оној кој се грижи за него, а не за оној кој го нарекува „стока“ и „овци“ како што тоа го прави СДСМ.

СДСМ би сакал да нема избори за 151 ден. Меѓутоа, избори ќе има. На 24 април народот по десетти пат ќе им пресуди на деструктивните политики на СДСМ полни со лаги и манипулации.

Најчитани вести