недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 69

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во поголем број на општини

ВРМО-ДПМНЕ во сите 22 општини на ИЕ 3 има голема разлика и апсолутен победник пред СДСМ. Заклучокот е дека Македонците, Турците, Бошњаците, Власите, Ромите, Србите гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. СДСМ на пресот, појасни Владимир Ѓорчев, носител на ИЕ 6, победи онаму каде што има мнозинство албанско гласачко тело.

избори

Поврзани вести

Ова се резултатите кои на прес конференција ги соопшти Ѓорчев, а се однесуваат по општини во изборните единици.

Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела вода пред СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 19 000: СДСМ 15 000. Победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и во Македонски брод, 2 200 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата а 1600 за СДСМ. Сопиште 1600 за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 1000 за СДСМ

Во Сарај ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со убедлива победа 5:1 и тоа 7 800 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти 2100 за СДСМ. Во Бутел победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 9000 гласови наспроти 7 800 за СДСМ.

СДСМ има предност пред ВМРО-ДПМНЕ во албанските средини и тоа во Радишани, Љубанци.

Во Гази Баба убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и тоа со 7000 гласови разлика пред СДСМ.

Во Ѓорче Петров за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 12 400 а за СДСМ 12 000.

Во Шуто Оризари голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и тоа со 5000 гласови за нив, а 2500 за СДСМ.

Во Куманово ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат убедлива победа во Доброшане, Орешац, Клечовце, општини кои СДСМ ги укина во 2004 година.

СДСМ има убедлива победа во Диво Насеље.

Во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Велес и тоа со 3 500 гласови разлика пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 16 500 а СДСМ 13 000.

Во Градско и Штип убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Пробиштип со освоени 4 800 гласови, наспроти СДСМ со 2 600.

Исто така убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Илинден со освоени 6 400 гласови наспроти СДСМ 3 400. Исто така во Петровец каде освоија 3000 гласови, наспроти СДСМ со 1 800 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи и во Кочани со 10 500 гласови, додека пак СДСМ освоиле 9 300. Во Крива Паланка ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 6 500 гласови а СДСМ 5 900.

Во Кратово победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е 2:1 пред СДСМ со освоени 13 000 гласови, а СДСМ само 800.

Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Карбинци, Зрновци, Видовиште. Исто така во Македонска Каменица каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 6 200 а СДСМ 4 100.

Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Прилеп со освоени 23 500 гласови. Победа и во Новаци, Могила и Ново Село. Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Неготино со 6 500 наспроти СДСМ со 5 400.

Во 5-та ИЕ во Охрид ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 16 800 гласови, а СДСМ 14 700. Исто така победа во Кичево каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 7 600 гласови наспроти СДСМ со 4 700.

СДСМ како што појасни Ѓорчев победиле во Зајас и Осломеј, албански општини.

Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Демир Хисар со 2 500 гласови исто и во Вевчани.

Во шестата изборна единица СДСН има победи во местата каде има мнозинство албански електорат, како што се Желино, Боговиње, Шипковица.

Во Арачиново, СДСМ има 2060 гласови, а како што вели Ѓорчев според нивните информации СДСМ има повеќе гласови од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Брвеница каде освои 1333 гласови а СДСМ 605, во Јегуновце, Тумчевиште, Седларце, Непроштено, Жилче. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Лешок каде освоија 177 наспроти 69 на СДСМ.

Најчитани вести