ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски манипулира со допис од 2011-та, тогаш не постоеше бегалска криза од Блискиот исток

Владата на СДСМ преку Соросовите портали и апологети на бандитската власт на СДСМ, се обидува да го отргне вниманието од нивната стратегија за трајно населување во Република Македонија со илјадници мигранти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста, во реакција на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски во врска со мигрантите.

Како што се истакнува во соопштението, Владата на СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска има испратено дописи до општините во кои се бара обезбедување локации за изградба на објекти за домување кои ќе бидат за населување на мигранти.

„Медиумите финансирани од Сорос, пренесувајќи го генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, манипулираат со дописи од МТСП од 2011 година, коишто првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 1990-те, а не за мигранти од Сирија, случаи кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега“, се нагласува во реакцијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе шест години, откако е испратен дописот со кој манипулира генералниот секретар на Владата Рашковски, не изгради ниту еден објект за населување на мигранти.

„СДС, Заев и Царовска треба да одговорат како ќе им обезбедат работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои планираат да ги доселат во Република Македонија. Дали лицата кои ќе се доселат ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно образование на штета на граѓаните на Република Македонија. СДС и соросовиете медиуми треба да престанат да ја лажат јавноста и да излезат и да дадат одговор на прашањата на кои граѓаните чекаат одговори за Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година“, се вели во реакцијата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.