ВМРО-ДПМНЕ: Расте стравот кај СДСМ од соочување со народот

Стравот на СДСМ од соочување со народот станува сé поголем. бидејќи стануваат свесни дека граѓаните ќе ги казнат за предизборните лаги за план за живот кој потоа го претворија во постизборна измама која треба да резултира со прифаќање на Тиранската платформа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа народот е на улиците. Во СДС се прават при очи слепи и ги игнорираат над 200 илјади граѓани кои гласно побараа од СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев да ја отфрлат Тиранската Платформа. Но СДС и тогаш и сега не сака да ја чуе волјата на народот, затоа што е однародена партија, партија која е спремна да ги распродаде државните и национални интереси, партија на која помили им се нарко-мафијашките структури, наместо граѓаните“, се вели во соопштенеито на ВМРО-ДПМНЕ.

Уберени се дека народот е факторот да мине, како што ја нарекуваат, изборна измама на СДС да помине, и којшто нема да дозволи да биде реализирана ткн Тиранска платформа, за којашто оценуваат дека е обид за разнебитување на Македонија.

„Народот е тој којшто бара нови парламентарни избори заедно со локалните избори и соочување со измамниците, криминалците и разнебитувачите на Македонија олицетворени во Зоран Заев и криминалното раководство на СДС. Народот е тој кој што ќе стави крај на антидржавната политика на СДС и Зоран Заев кои Македонија ја носат од една во друга криза. Народот е тој кој што ќе им ја изрече најголемата казна на СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев на избори“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.