ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ 25 години работи на разнебитувањето на Македонија

СДСМ 25 години по ред работи на разнебитувањето на Македонија. СДСМ во континуитет ги руши македонските национални интереси, се вели во соопштението што денес владејачката ВМРО – ДПМНЕ го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Еве што СДСМ мисли за федерализацијата и што сака да скрие од граѓаните.

Зоран Заев и неговите ментори Љубомир Фрчковски и Бранко Героски се залагаат за Албанец премиер, задолжително изучување на Албанскиот јазик во сите општини во Македонија и претворање на Македонија во федерација.

Бранко Героски во своите колумни отворено заговара федерализација на Македонија.

Еве што вели Героски: „Тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси“.

Зоран Заев во интервјуа за косовски телевизии отворено се додворува и ветува изучување на Албанскиот јазик во цела држава.

Ова се зборовите на Заев: „Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански, за да го користи“.

Фрчковски, екс-кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија и идеолог на партијата пред еден месец побара Албанец за премиер.

Фрчовски рече: „Албанец би дошол на премиерското место циклусно на две години. Што со тоа? Не може Албанец да биде премиер?“

СДСМ беше против интонирањето на македонската химна во Собранието.

СДСМ калкулираше со референдумот за независност во 1991.

СДСМ го промени Уставот и се откажа од Македонците во соседните земји.

СДСМ ја прифати срамната референца ФИРОМ.

СДСМ подели 150.000 државјанства на Косовски Албанци.

СДСМ го промени македонското знаме.

СДСМ во 2001 ја саботираше одбраната на Македонија.

СДСМ во 2004 ја донесе територијалната поделба на Македонија со која Струга и Кичево станаа доминантно албански општини.

СДСМ на чело со Зоран Заев во 2008 предложи Македонија да свитка кичма во спорот со Грција.

СДСМ на чело со Зоран Заев и Оливер Спасовски во 2015 година во Диво Насеље си правеше фотосесија со смешкање, додека Македонија беше завиена во црно и плачеше.

СДСМ 25 години по ред работи на разнебитувањето на Македонија. СДСМ во континуитет ги руши македонските национални интереси.

Затоа СДСМ не ја добива довербата на народот. За 157 дена одговорот на народот на ваквата политика на СДСМ ќе биде жесток. 24 април е денот кога СДСМ ќе ја добие заслужената казна.