ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на соопштението на ЛДП

„Не постои поскапување на патарините туку престанување на важноста на антикризната мерка со која за време на кризите светската и европската од 2009 година привремено како ослеснување за граѓаните имаше намалени патарини. Сега кога кризата заврши кога земјата има безмалку 4% раст во првиот квартал и 3% раст во 2013 година, значајно зголемен извоз и тренд на намалување на невработеноста, доаѓа до логичен престанок на важноста на антиризната мерка за патарините.“.

„Македонската Влада беше една од ретките кои вооведоа толку многу антикризни мерки во европа и не случајно Македонија беше меѓу земјите кои најлесно поминаа низ овие две историски кризи во светот и европа.“се наведува во реакцијата.

„Второ, да ги потсетиме ЛДП и Жерновски дека цените кои сега се вратија не се повисоки од времто кога СДСМ и ЛДП беа на власт до 2006 година. Тогаш кога Жерновски беше пратеник во Парламентот, а неговата партија на власт немаше пониски патарини дури и од овие кои сега се вратија со престанокот на важноста на антиризната мерка. Но, тогаш на Жерновски тоа не му пречеше. Бидејќи неговата партија беше во владата, а тој никогаш како пратеник не стана да каже дека патарините се високи и треба да се намалат. Како партиски привезок и лојален на Бранко Црвенковски и СДСМ тој ги величеше политиките на СДСМ какви и да беа. Заради тие причини, заради таа неискреност со народот, ЛДП е тоа што е: мала партија која ако СДСМ не ја земе во коалциија не може да освои доверба на народот ниту за еден единствен пратеник.“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.