ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што СДС ќе урне ние ќе го обновиме

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт сѐ што СДСМ ќе урне, уништи или скрати ќе биде изградено, обновено и вратено во првобитна положба, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС наместо по градење ќе остане запамета по кочење и уривање.

„Нападот врз спомениците на револуционерот Андон Лазов Јанев-Ќосето, хуманистката Мајка Тереза и Вионот на коњ е удар врз македонската историја и култура и претставува почеток на виткањето на кичмата на нацијата. СДС е 6 месеци на власт и непокажа капацитет за водење на државата и нејзин развој. СДС 6 месеци само уништува и урива. Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се што СДС ќе сруши, уништи или скрати ќе биде изградено, обновено и вратено во првобитна положба“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.