ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ може да биде против дебата за подобрување на здравјето на граѓаните

Само СДСМ може да биде против дебата која има за цел подобрување на здравјето на граѓаните.  СДСМ докажа уште еднаш по којзнае кој пат дека не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните, туку само за приликата со користење лешинарски тактики и бесрамни лаги да приграби по некоја трошка од политичките поени со која ќе го нахрани повреденото его од најмизерниот рејтинг во историјата на СДСМ, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Министерството за здравство ниту подготвува закон за воведување дополнителни давачки за храната со зголемена масност, сол и шеќери, ниту во овој момент се планира подготовка на вакво законско решение.

Само СДСМ може да биде против дебата која има за цел подобрување на здравјето на граѓаните.

СДСМ докажа уште еднаш по којзнае кој пат дека не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните, туку само за приликата со користење лешинарски тактики и бесрамни лаги да приграби по некоја трошка од политичките поени со која ќе го нахрани повреденото его од најмизерниот рејтинг во историјата на СДСМ.

Поширока дебата на оваа тема не значи воведување ваков данок, туку значи отворање можност да се слушне јавното мислење на оваа тема, мислењето на стручната и пошироката јавност, па врз основа на тоа да се донесуваат понатамошни заклучоци.

Вакви дебати за импактот на здравјето од прекумерното користење на масти, шеќери и сол и недоволна физичка активност и нивното директно влијание на здравјето на граѓаните се водат сериозно и се актуелни во повеќе европски држави.

Во европските земји се имплементираат различни политики и стратегии за надминување на проблемите со прекумерната тежина и дебелина.

Исто како и во развиените европски држави и актуелниот тренд во Европската унија, широка дебата на оваа тема и во Република Македонија може само да допринесе за подобрување на здравјето на граѓаните.

Освен кога е подобрувањето на менталното здравје во СДСМ во прашање. Тогаш нема ни дебата ни закон кој може да ги подобри нештата.

Од ден во ден чадот од Фабриките за афери и паничниот страв од избори им предизвикуваат сериозни здравствени проблеми, кои резултираат со соопштенија во кои СДСМ повторно користи лешинарски тактики и туѓи трагични судбини за свое политичко профитерство. Срамно и нечовечки, но навикнавме на таков однос на СДСМ.

Денес СДСМ повторно ги помести границите на дното, спомнувајќи бурекџилници и смрт на новороденчиња во иста реченица.

Во политикантството на СДСМ човечкиот живот има вредност само ако може да го спомнат во нивните соопштенија со кои си се хранат за да се одржат во живот до 24 април.

Се расфрла СДСМ со тези дека ВМРО-ДПМНЕ го брка Карфур од Балканот, ВМРО-ДПМНЕ го загадува воздухот, а по најновите тези од клиниката на Бихаќка ВМРО-ДПМНЕ не им дозволувало на граѓаните да јадат што сакаат.

Кога нечија цел е здравјето на граѓаните ги следи светските трендови и отвора дебата на стручната јавност која се грижи за човечкото здравје, за разлика од бројачите на мртви бебиња во СДСМ кои бесрамно лажат и го пумпаат бројот на починати доенчиња само за да поентираат политички.

На ова крајот му доаѓа на 24 април.