ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фалат со проекти кои ние ги имаме реализирано

Изградба на патот Градско-Дреново е проект за кој претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ аплицираше преку ИПА фонодвите, наменети за транспорт. Средствата во висина од 35.4 милиони евра за изградба на делницата Градско-Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на министерот Сугарески.

-Тендерот за изградбата на делницата беше објавен и заради законските рокови се чекаше да заврши процедурата и да се избере најповолен понудувач. Тендерот беше објавен благодарение на грантот што го обезбеди токму ВМРО-ДПМНЕ. За СДС секојдневие е да  се фалат со проекти кои ги има реализирано и започнато ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Сугарески за изминатите 80 дена, ниту нешто имаат започнато, ниту нешто имаат рализирано како проект, се наведува во реакцијата на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДС и Сугарески наместо да се фалат и одржуваат прес-конференции за туѓи проекти, треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа.

-СДС и Сугарески поради нивната неспособност, не можат да го пуштат во употреба ниту завршениот автопат Демир Капија-Смоквица, проект кој беше  реализиран и завршен во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Сугарески и СДС не се веќе опозиција. Граѓаните ги очекуваат ветените нови 500 километри автопат, 650 километри регионални патишта и 1.000 километри локални патишта, потенцираат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.