Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ сака човечките трагедии да ги наметне како поле за политичка пресметка

Ужаснати сме од нивото на дискусија кое СДСМ го наметнува. СДСМ сака човечките трагедии да ги наметне како поле за политичка пресметка. Бескурпулозна и очајна борба за власт која одамна ги погази сите човечки принципи. Ова меѓу другото се наведува во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати до јавноста.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

СДСМ се повеќе го спушта дното на политичкото делување.

Секоја индивидуална трагедија во нивниот ум е единствениот начин како може да се приграби некој политички поен.  Денес било донесено починато 11 месечно бебе во болница и за СДСМ тоа е политичка тема. Срамно.

Ужаснати сме од нивото на дискусија кое СДСМ го наметнува. СДСМ сака човечките трагедии да ги наметне како поле за политичка пресметка. Бескурпулозна и очајна борба за власт која одамна ги погази сите човечки принципи.

Единствената апсурдна теза во која СДСМ опстојува е дека само во време на Никола Тодоров умирале луѓе.

Граѓаните знаат колку се овие тези ниски и нелогични. Граѓаните знаат дека оваа Влада инвестираше стотоци милиони евра во здравството, а владите на СДСМ инвестираа во накитот на Шекеринска и другите министерки. Граѓаните го паметат дното што го имаше допрено здравството во време на СДСМ.

Тоа што реагираат за делувањето на Лекарската комора е уште еден показател за политичките постапки на докторите кои се нивни членови и за директната инволвираност на СДСМ во оваа брутална и апсурдна хајка при што очигледно не знаат да направат разлика меѓу етика и гнасна партиска задача.

Граѓаните на 24-ти април ке им покажат што мислат за ваквото потценување и понижување кое го трпат од СДСМ.