ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да им се извини на граѓаните чиј револт смислено го предизвикаа

СДСМ брзајќи да ја реализира Тиранската платформа грубо го прекрши Уставот, Законот и Деловникот за работа на Собранието, СДСМ најбрутално ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници, соопштија во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС смислено и насилном како што најавија и нивните новинарски пера и експерти, спроведе перформанс кој тие го нарекуваат избор на претседател на Собранието и со тоа се предумисла се доведоа себеси и другите пратеници и вработените во Собранието во опасност и на удар на народниот револт, кој со денови го подгреваа и неминовно го доведоа до состојба на ескалација“, констаатираат во партијата којашто со 51 пратеник ја има најголемата пратеничка група во парламентот.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека социјалдеморкатите им должат извинување на граѓаните чиј револт, како што  оценуваат, смислено го предизвикале со нелегитимниот избор на собраниски спикер, токму во часовите кога знаат дека има илјадници граѓани пред Собрание и чиешто трпение „со денови го тестираат и истите смислено провоцираат“.

„СДС мора да понесе политичка и правна одговорност за ситуацијата во која го доведоа Собранието и унакажувањето на демократијата во Република Македонија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија порачуват и дека на граѓаните на Република Македонија не им се потребни поделби, насилство и туѓи платоформи, туку почитување на законите, владеење на правото и програми и платоформи за економски напредок и технолошки прогрес.

„Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи. СДС мора да сфати дека народот не се согласува со нивната намера за тргување со највисоките државни и национални интереси. И тоа мора да го почитуваат. СДС мора да сфати дека народот си ја сака сопствената држава и не треба свесно да го подбуцнува и разгневува“ заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека нивните најголеми политички опоненти мора да го слушнат гласот на народот и да ги прифати нивните легитимно искажани барања за нови парламентарни избори.