ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже каде завршуваат парите на граѓаните

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку пишано соопштение го обвини СДСМ дека откако се на власт исчезнуваат парите на граѓаните и побара одговор каде завршуваат.

– Владата на СДС за неполни три месеци помогна да испарат стотици милиони евра народни пари без објаснување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека само од распишување на аукции на државни хартии од вредност државата е задолжена за нови 145 милиони евра.

Потсетуваат дека според НБРМ, девизните резерви на Република Македонија за два месеца се намалени за 177 милиони евра.

– Освен долгови и лаги граѓаните не видоа ни „Р“ од реформи, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.