Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ e единствената партија која има лидер, осомничен за кражба на 8 милиони евра

СДСМ продолжува да функционира според нивнито деструктивно мото “колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ е единствената опозиција која бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните. Централниот одбор вчера потврди дека му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата со цел да не се соочи со тежок изборен пораз и казна од мнозинството граѓани. Централниот одбор, му честитал на Заев, помилуван за криминал од 8 милиони евра, што ќе ја малтретира Македонија уште којзнае колку време само за да избега од реалноста и вистината дека народот не ја прифаќа неговата деструктивна и манипулативна политика и нема да се согласи Заев и СДСМ да ја водат државата. Централниот одбор му честитал на Заев за тоа што не си поднел барање за повлекување на аболицијата за “Глобал” покажувајќи дека за сите граѓани важат законите и може да одговараат кривично, а само за него не, стои во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека на тој начин СДСМ останува единствената партија која има лидер, осомничен дека украл 8 милиони евра.