ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ е лут што ВМРО-ДПМНЕ му ги плаќа долговите

СДСМ денес сака Македонија да не ја враќа евро-обврзницата. СДСМ е лут што ВМРО-ДПМНЕ му ги плаќа долговите, се вели во соопштението од ВМРО –ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО –ДПМНЕ:

Во светот во кој живеат неколкуте луѓе на Бихаќка и си ги пишуваат и читаат соопштенијата, СДСМ нема мизерен рејтинг, фашистички однос кон медиуми и елементарно непознавање на математиката и логиката.

На 24 април ќе се разбудат од сонот и ќе се соочат со следниот факт: народот не им ги чита соопштенијата. Народот ги гледа делата и фактите. А делата и фактите се следни:

СДСМ ја задолжи Македонија со евро-обврзница од 150 милиони евра пред 10 години, за која во меѓувреме плативме и 69 милиони евра камата.

На 8-ми декември Република Македонија ќе ги врати долговите со кои државата ја задолжи СДСМ. Пари со кои СДСМ не направи апсолутно ништо. Пари кои отидоа на хациенди, јахти, бисери, злато.

СДСМ денес сака Македонија да не ја враќа евро-обврзницата. СДСМ е лут што ВМРО-ДПМНЕ му ги плаќа долговите.

СДСМ не може да поднесе што политичкиот противник знае да работи и трудот е вреднуван од реномирани организации како Светска Банка.  СДСМ има против кога ќе види дека Македонија е 4-та најнезадолжена земја во Европа.

Ваквите податоци го рушат светот кој СДСМ си го гради за себе во своите соопштенија. Затоа СДСМ се кара со Светска Банка, со Еуростат, со агенциите кои мерат рејтинг, со новинарите, со банките на кои им се заканува.

СДСМ се кара со сите. Освен со нивниот центар за обука на економисти, менувачницата на Вицето.

На 24 април СДСМ ќе се скара и сам со себе. За 139 дена народот ќе го казни СДСМ по десетти пат.