ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е опседнат со Никола Груевски и поддршката која ја има меѓу народот на Македонија

Затоа СДСМ е опседнат со Никола Груевски и поддршката која ја има меѓу народот на Република Македонија. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов го спомна Никола Груевски шест пати во четири реченици. Тоа говори и повеќе од доволно за опседнатоста во СДСМ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во реакцијата.

Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

Наместо тоа, СДСМ треба да води многу повеќе сметка за својот претседател Зоран Заев кој ја саботираше планираната средба во Виена и го саботираше разрешувањето на политичката криза која што СДСМ и ја наметна на Република Македонија.

Зоран Заев и СДСМ сносат лична и политичка одговорност за продлабочувањето на тензиите во државата и зголемениот ризик за нестабилност. Уште еднаш покажаа дека нив им е важен само личниот и партискиот интерес, а не интересот на државата и на граѓаните кои сакаат крај на оваа долга политичка криза.

Граѓаните многу добро гледаат дека единствена цел на СДСМ е продолжувањето на агонијата меѓу граѓаните, бидејќи само во такви услови СДСМ може да егзистира. СДСМ со продлабочувањето на кризата сака да ги казни граѓаните кои не ја даваат својата поддршка за деструктивните сценарија на кујните од Бихаќка.

Затоа граѓаните на 5-ти јуни ќе го казнат СДСМ 10-ти пат по ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.