ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ е против изградба на Македонија

СДСМ е против изградба на Македонија. СДСМ не сака да гледа развој во Македонија. За СДСМ Македонија е најдобра во руина, бидејќи тие ја оставија земјата во таква состојба. Тоа е нивната природна средина. 700 затворени фабрики, 200.000 луѓе на улица со нула денари, се вели во сооптението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ не гласаше за буџетот, карванот си врви. За СДСМ злоупотреба на парите на граѓаните се 600 милиони евра кои оваа влада ги вложува во проекти за железницата и речиси една милијарда кои се вложуваат во проекти од патната инфраструктура.

За СДСМ злоупотреба се 140.000 нови работни места кои ги отвори оваа влада и повеќе од 50 директни странски инвестиции како резултат меѓу другото и на роуд-шоу ангажманот. За СДСМ злоупотреба на народни пари е намалувањето на јавниот долг за 0,7 процентни поени во споредба со она што како наследство го остави СДСМ.

Македонија целосно се гради и реновира, а долгот е намален. Тоа е најголемата болка на СДСМ.

СДСМ е против изградба на Македонија. СДСМ не сака да гледа развој во Македонија. За СДСМ Македонија е најдобра во руина, бидејќи тие ја оставија земјата во таква состојба. Тоа е нивната природна средина. 700 затворени фабрики, 200.000 луѓе на улица со нула денари.

За СДСМ не се злоупотреба само стотиците милиони евра од еврообврзници и кредити од нивно време кои испарија во воздухот, а ги враќаме до ден денес. Овие стотици милиони евра земени од СДСМ граѓаните не ги видоа како нови возови, автобуси или нови работни места, туку во форма на морепловските и теренски превозни средства и хациенди на море кои ги поседува раководството на СДСМ.

СДСМ губи девет пати по ред на избори и сеуште зборува за злоупотреби. За СДСМ народот греши, бидејќи го бира оној кој работи во негов интерес и кој го цени и почитува. Според СДСМ народот греши бидејќи не гласа за оние кои Македонците ги нарекуваат „стока“ и „овци“ како што тоа го прави СДСМ.

СДСМ за лаги и манипулации има уште само 154 дена. Народот со нетрпение го очекува 24 април за да му ја соопшти пресудата на СДСМ.