СДСМ е против поголеми плати и пензии. СДСМ е против инвестиции во инфраструктурата. СДСМ е против се што значи прогрес, се вели во соопштението што денес владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:
СДСМ е против поголеми плати и пензии. СДСМ е против инвестиции во инфраструктурата. СДСМ е против се што значи прогрес.
СДСМ ниту има донесено една странска инвестиција, ниту поздрави барем една од повеќе од 50-те странски инвестиции кои ги донесе оваа влада.
СДСМ не го поздрави извештајот на Светска Банка во кој Република Македонија е 12-та дестинација со најдобри услови за бизнис во светски рамки.
СДСМ не го поздрави извештајот на Еуростат според кој Македонија е 4-та најмалку задолженна земја во Европа.
СДСМ не само што не сака Македонија да не е задолжена, туку сака Македонија да не ги враќа своите долгови направени во време на СДСМ.
Зошто СДСМ е против напредокот на Македонија? Ова прашање заслужува одговор.
Ако не го даде СДСМ, народот секако ќе го даде одговорот на 24 април. За само 139 дена, по десетти рекорден пат по ред, СДСМ ќе го претрпи најголемиот и најзаслужен пораз во својата историја.
Ваквото деструктивно и манипулаторско делување ќе го донесе крајот за овој СДСМ.