ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против сите

Опозициската СДСМ не само што е против Владата, туку таа во прашање ја става транспарентноста и меѓународните финансиски институции, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што СДСМ е против Владата е очекувано, бидејќи изградбата на автопатот од Смоквица до Демир Капија е крупен инфраструктурен проект, проект кој го реализира токму оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се комплетира клучниот транспортен коридор во земјава. Но, СДСМ ја става под прашање и транспарентноста и интегритетот на ЕБРД и ЕИБ, двете главни финсниски институции на ЕУ, како и на самата Европска Унија која го поддржа проектот со 45 милиони евра од ИПА средствата“, стои во партиската реакција.

Целата постапка на јавната набавка, како што се наведува, е координирана од делагацијата на ЕУ и соодветните тела на ЕУ, кои немаат ниту една забелешка на процесот.

„Тендерска документација и објавувањето на тендер беше одобрено од страна на службите на Европската комисија во координација со другите финансиери, имено ЕБРД и ЕИБ“, стои подолу во партиската реакција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.