ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите

СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот. Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Oчајот и паниката во СДСМ пред сигурниот пораз на изборите се зголемуваат од ден во ден.

Продолжува срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.

СДСМ продолжува со заканите и притисоците кон Уставниот суд.

Преку своите невладини платеници СДСМ им се закануваше на Уставните судии дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги изнесе надвор од судот. Нечуено и срамно.

СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути си бираше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака апсолутна контрола над судството.

Околу поврзаноста на партиите и судството СДСМ најдобро да позборува со уставниот судија Наташа Габер, сестра на Виктор Габер од СДСМ. Истото СДСМ може да го направи и со Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем.

СДСМ преку срамните притисоци врз судството го покажува своето тоталитарно лице и демократскиот капацитет. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта.

СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш за да ги поништи измените во законот за помилување. Дијаметрално различно од денешните ставови.

Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, намерно создавајќи кризи во рамките на своите деструктивни сценарија.

СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.

Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред.