ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го заштитува Заев од криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува

Секој ден од Центарот за Комуникации на СДСМ се пушта едно исто соопштение. Стерилно соопштение каде што се повторуваат истите тези,  невистини и лаги, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Центарот за комуникации на СДСМ го заштитува Заев од криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува. Го заштитува со исти фалични тези за референдумот, манипулира, го повикува ВМРО-ДПМНЕ итн. Така срамот од капитуланскиот договор не се покрива.  Не се покрива ниту скандалот за тендери и партиски вработување на над 6.000 лица во администрацијата. Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж  кој и го прават на Македонија. Јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека на крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.