сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

ВМРО – ДПМНЕ: За СДСМ поважна е хајката врз Тодоров отколку осуда на сторителите

Поврзани вести

За СДСМ поважна е хајката врз министерот Тодоров отколку осуда на сторителите, се вели во соопштението што денес владејачката ВМРО – ДПМНЕ го упати како одговор на претходното соопштение на СДСМ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Осомничените за нападот врз докторите денеска беа изведени пред надлежниот судија на претходна постапка во Основниот Суд Скопје 1 – Скопје.

Осомничените добија пет кривични пријави. Се товарат за убиство во обид, нелегално поседување оружје, соучесништво, напад врз службено лице и предизвикување општа опасност.

Судија на претходна постапка, откако ги ценеше фактите и приложените докази, им определи мерка притвор во времетраење од триесет дена.

Ова се фактите. СДСМ и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија.

Срамно и лицемерно.

За СДСМ поважна е хајката врз министерот Тодоров отколку осуда на сторителите.

Најчитани вести