ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Иванова гласаа закони со кои се кратеа работнички права

Цветанка Иванова лично и заедно со пратеничката група на СДСМ гласаа низа закони со кои беа ускратени работничките права во Република Македонија, се вели во писмената реакција од ВМРО ДПМНЕ на изјавата  на Иванова.

„Такви закони беа: Измените во Законот за работни односи во 2005 година со кој се намали времетраењето за кое што отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет кај истиот работодавец. Измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност со кои драстично се намали времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработени лица. Во 2003 година со измени во Законот за работни односи се намали висината на испратнината на работниците на кои им претставува работниот однос. Во 2004 година со измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се оневозможи лицата кои го прекинале својот работен однос по своја волја да ги остваруваат прават што се добиваат со стекнување со статусот невработено лице. Во 2005 година со измените на Законот на работни односи се отежна правото на штрајк каде како организатор може да се појави само Синдикат. Со измените на Законот за вработување на инвалидни лица во 2005 година се намалуваа средствата кои се издвојуваат за вработување на овие лица и многу други“, се вели во реакциајта.

Во време на Владите на СДСМ, сметаат во ВМРО ДПМНЕ, беа затворени или однесени во стечај ијладници фирми и претпријатија, а 200 000 луѓе останаа без своите работни места. Времето кога Цветанка Иванова и СДСМ беа власт и решаваа за судбините на граѓаните е време во кое ијладници фамилии беа доведени до работ на егзистенција.

Тоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го прави е разрешување на проблемите, велат од владејачката партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.