ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и ВМРО НП сакаат да ни одземат гласови

Раскинувањето на коалициајта меѓу Социјалдемократскиот сојуз и ВМРО Народна партија не е поради идеолошки разлики, туку заради проценката на СДСМ дека доколку на претстоините избори Љубчо Геогиевски и ВМРО-НП одат самостојно, ќе одземат повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

„СДСМ преку раскинувањето на коалицијата со ВМРО-НП повторно сака да ги изманипулира граѓаните. Јасно е дека двете политички партии после изборите повторно ќе коалициират како стари познаници кои имале, како што и самите велат принципиелна и коректна соработка“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.