ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ инсистираше во МТВ тие да предложат свое кадровско решение

СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев може да глумат загриженост за независноста на медиумите, но тие се единствената партија која бараше санкции за искажано мислење и став на новинарите и која инсистираше уредникот на информативната редакција на МТВ да биде нивно кадровско решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ во преговорите инсистираше во МТВ тие да предложат свое кадровско решение и ниту една манипулација на Радмила Шекеринска не може да го промени тоа.

СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев може да глумат загриженост за независноста на медиумите, но тие се единствената партија која бараше санкции за искажано мислење и став на новинарите и која инсистираше уредникот на информативната редакција на МТВ да биде нивно кадровско решение.

Никакви консултации со невладините организации под контрола на СДСМ/Сорос нема да ја сменат реалноста. СДСМ/Сорос немаат никакви аргументи зошто треба да биде сменет актуелниот уредник и зошто треба да биде предложено некое партиско решение, освен потребата на аболицираниот криминалец Заев да се обиде да инсталира послушници и во медиумите кои не му се под контрола.

Граѓаните веќе ги прочитаа сите лаги и манипулации на Заев и СДСМ. На граѓаните на Република Македонија им е доста од играриите на СДСМ и одржувањето на состојбата на криза во земјата, поради неспособноста преку програма, идеи и проекти да ја добијат довербата од народот.

Казната за ваквото однесување на СДСМ доаѓа на наредните избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.