вторник, 13 декември 2016  |  Вести денес: 46

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ ја продолжува политиката на деструкција

СДСМ ја продолжува политиката на деструкција која им донесе рејтинг од 14,7% наспроти 33,3% за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ никако не може да сфати дека без поздравување на капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот, не може да очекува на поддршка од народот, се вели во соопштението од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

vmro

Поврзани вести

СДСМ ја продолжува политиката на деструкција која им донесе рејтинг од 14,7% наспроти 33,3% за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ никако не може да сфати дека без поздравување на капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот, не може да очекува на поддршка од народот, се вели во соопштението од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ ја продолжува политиката на деструкција која им донесе рејтинг од 14,7% наспроти 33,3% за ВМРО-ДПМНЕ.

Денес на СДСМ му пречи новиот објект на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, единствен од ваков тип кај нас и еден од најмодерните во регионот. СДСМ е против подоброто здравје кај децата.

СДСМ никако не може да сфати дека без поздравување на капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот, не може да очекува на поддршка од народот.

СДСМ не може да се пофали ниту со една инвестиција во здравството во нивно време, бидејќи СДСМ нема заковано ниту една шајка.

И кога СДСМ беше на власт, мандатите минуваа со зборување за тоа како треба да се преземе нешто, а не со преземање конкретни проекти и нивна реализација.

Тоа е маката на СДСМ. Сега се скараа и со новите инвестиции во здравството и им пречи бидејќи се реализираат.

Пред тоа се скараа со повеќе од 100-те милиони евра купена медицинска опрема. И таа им пречи.

Пред тоа се скараа сами со себе околу бројот на доенчиња кои умираат – им пречеше што е бројот мал па го зголемуваа.

СДСМ лесно се кара со се што им го нарушува концептот на тоа дека сите се неработници како нив. СДСМ тешко прифаќа дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив ветува и остварува.

Еве уште малку фактографија за СДСМ:

Во тек е инвестициски циклус во износ од 150 милиони евра во здравството, во рамки на кој се реализирани повеќе значајни инвестиции, како на пример:

-Комплетно нов Дијагностичко-ургентен центар во рамки на Клиничка болница Тетово

-Реконструкција на Општата болница во Охрид – Извршена е реконструкција на хируршкиот блок

-Реконструкција на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, Скопје – Извршена е целосна реконструкција новото крило и блок Д

-Целосна реконструкција на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ – Велес – Извршена е целосна реконструкција на сите павиљони, надворешна канализациона мрежа, нова станица и инсталација за медицински гасови

-Реконструкција на Општа болница во Велес – Извршена целосна реконструкција на објектот за одделението за физикална медицина

-Во рамки на Универзитетска клиника за ендокринологија – Скопје,  извршено е реновирање и реконструкција на објектот на Центарот за дијабетес. Реконструкцијата опфати комплетна замена на подовите, кровот, фасадата, реконструкција на санитарните јазли, изведување на шалтери и промена на инсталација.

-Во Поликлиника Букурешт, во рамки на ЗД Скопје, извршена е замена на внатрешна столарија, замена на подови,  обработка на ѕидови, внатрешно и надворешно осветлување и партерно уредување.

-Центар за спинална хирургија – комплетно се реконструирани две операциони сали, просторија за интензивна нега и просторот пред салите и набавена е комплетно нова опрема потребна за изведување на овие сложени интервенции.

Народот ова го знае. Народот ги гледа инвестициите.

Народот е среќен поради континуираното вложување во насока на подобрување на здравствениот систем. Народот ги сака оние кои работат, а не оние кои освен деструктивност ништо друго не знаат. Народот ги цени оние кои се трудат макотрпно за подобар живот, а не оние кои го нарекуваат „стока“ и „овци“ истиот тој народ од кој бараат поддршка.

Од таму е нервозата на СДСМ. СДСМ е лут што делата на ВМРО-ДПМНЕ се реални, се гледаат и го подобруваат животот на граѓаните. Меѓутоа за овој незамисливо деструктивен став на СДСМ нема лек во ниту едно здравство.

За тоа има само казна од народот, како што се случуваше на изминатите 9 изборни циклуси по ред. На 24 април доаѓа 10-тиот пораз по ред.

Најчитани вести