ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе казнат 100.000 граѓани, само за да не се реализираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Се чудиме на веселата математика на СДСМ, и во лажењето немаат мерка: како е можно 11 години Христијан Мицковски да распишувал тендери, како што велат во нивното соопштение, ако се знае дека тој е директор на ЕЛЕМ не цела година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги молиме да објаснат како ги пресметаа годините, или пак се помешаа со некоја лага од друго соопштение? СДС е единствената партија која се противи на топлификација, проект кој е од бенифит за над 100.000 граѓани. Значи спремни се да казнат 100.000 граѓани, само за да не се реализираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ