среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 47

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ ќе мора да научи да го почитува гласот на Македонците

СДСМ имаше прилика да види како изгледа кога граѓаните го користат демократското право на протест за да го одбранат врвното право на глас и одлучување за својата иднина, за разлика од вандалите и платениците на СДСМ кои уништуваа државен имот, повредуваа полицајци и сквернавеа споменици на македонската држава, стои во соопштенето на СДСМ.

вмро-дмне

Последни вести

СДСМ синоќа имаше можност да види како изгледа достоинствен, патриотски протест, за разлика од насилниот и деструктивен протест на платеници и вандали под команда на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ја држеше цела држава во грч долго време, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ имаше прилика да види како изгледа кога граѓаните го користат демократското право на протест за да го одбранат врвното право на глас и одлучување за својата иднина, за разлика од вандалите и платениците на СДСМ кои уништуваа државен имот, повредуваа полицајци и сквернавеа споменици на македонската држава.

СДСМ не е демократска партија и не го разбира концептот на одлучување на мнозинството. СДСМ сака да ја окупира државата без поддршка од мнозинството народ и да се однесува фашизоидно како што се однесуваше и минатите две ипол години.

454.519 гласови за ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека народот нема да му го дозволи ова на СДСМ. 454.519 гласови се доказ дека и минатите и сите избори претходно биле кристално чисти и демократски, а СДСМ не ги признал затоа што не сакал да се соочи со поразот.

Затоа СДСМ реши да ја втурне Македонија во криза, а истото сака да го повтори и овој пат после десеттиот пораз по ред.

Нема да им помине. Граѓаните нема тоа да го дозволат.

СДСМ измислуваше дека некакви т.н. половина милион фантоми им ја краделе победата на изборите во минатото. Лажеа и манипулираа, бидејќи само така знаат да функционираат. Тоа е криминалецот Заев. Сега продолжува на ист начин да ја оспорува волјата на народот.

За таа цел СДСМ може да продолжи како свои да ги брои гласовите на помалите албански партии, па да измислува и халуцинира бројки.

Меѓутоа СДСМ ќе мора да ги брои како не-свои гласовите на половина милион Македонци кои му кажаа не на Заев и неговите партнери за сценариото во кое сакаат да ја раскрчмат Македонија.

СДСМ ќе мора да научи да го почитува гласот на Македонците, правото на слободен избор и концептот на демократско одлучување.

И од ова отстапување нема да има.

Најчитани вести