ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ најмногу ја сака Македонија руинирана

СДСМ се радува на Македонија без нови патишта. СДСМ најмногу ја сака Македонија руинирана, бидејќи таква Македонија е природната средина на СДСМ. Таква Македонија зад себе остави СДСМ, се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ е против изградба на Република Македонија. СДСМ е против подобрување на животот на граѓаните.

СДСМ е против изградба на нови патишта, бидејќи според нивните лешинарски математики и навики да лажат и манипулираат, тоа не им оди во прилог.

СДСМ се радува на Македонија без нови патишта. СДСМ најмногу ја сака Македонија руинирана, бидејќи таква Македонија е природната средина на СДСМ. Таква Македонија зад себе остави СДСМ.

Според официјалните податоци на Министерството за финансии државниот долг е 36%, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на долгот што го остави СДСМ.

Ако СДСМ има нешто против изградба на експресен пат Штип-Кочани, нека каже.

Ако СДСМ има нешто против изградба на патот Штип –Радовиш, ако СДСМ има против изградба на три автопати и 25 експресни и регионални патишта оваа и следната година, ако СДСМ има нешто против гасификацијата – нека каже.

Патем, од СДСМ барем може и да кажат за за што ги потрошија тие 150 милиони евра од еврообврзницата која ја земаа, а оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ треба да ја враќа сега, во декември.

СДСМ треба да каже и на што ги потроши кредитите вредни повеќе стотици милиони евра кои оваа Влада ги отплаќаше и се уште ги отплаќа, после десет години.

Граѓаните заклучокот го носат сами. Затоа СДСМ губи девет изборни циклуси по ред. На народот не му е тешко да се одлучи: од една страна е ВМРО-ДПМНЕ со патишта, железници, училишта, спортски сали, градинки. Од друга страна е СДСМ – дупката без дно.

Затоа и за 155 дена на народот ќе му биде лесно да одлучи кому повторно ќе му ја даде довербата. На 24 април доаѓа десеттиот јубилеен пораз за СДСМ.