ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо со работа, се занимава со креирање лажни вести

Владата на СДСМ наместо со да се фати за работа, се занимава со креирање лажни вести и преку нивните медиуми и ја манипулира јавноста и граѓаните, реагираше во вторникот ВМРО-ДПМНЕ на објавите за наводното лускузно опремување на зградата на владата од страна на претходната Влада

Од партијата велат дека, откако социјалдемократите ја презедоа власта, во недостиг од идеи и како да ги остварат нереалните ветувања во изборната кампања, се занимаваат со лиферување лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање, кое беше разлобличено со факти дека фотографиите се преземани од интернет и не се однесуваат на зградата на Владата.

„Прво започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на владата била премногу луксузна. Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од две години. Во овие две години двајцата технички министри и тројаца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар.беше“, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјавата се прецизира дека зградата на Владата на Република Македонија е реновирана првпат откако е изградена и тоа е нејзиниот ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно.

Но за да ја покрие својата безидејност, како што се наведува во продолжение во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како и неработењето уште во првите денови од власта, СДСМ лиферуваше делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување.

„Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот претставени како дел од ентериерот во владата“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека целото реновирање на објектот на владата е спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда.

„СДС/Сорос преку фејк њус или лажни вести се обидува да ја излаже јавноста. СДС/Сорос преку своите фејк њуз медиуми креираат вести дека нашле некакви си фактури од роденденски прослави на ВМРО-ДПМНЕ, службени ручеци и вечери. СДС/Сорос лажат дека овие фактури се од судски извори. Ова е само една пропаганда на СДС против ВМРО-ДПМНЕ. Ова е одработување на СЈО за СДС. СЈО е изгубено во просторот со шамари кои не се случиле и вечери кои не се изеле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги прашуваат социјалдемократите, пак, колку чинат нивните ручеци и вечери и кој ги плаќа?

„Имајќи предвид СДС се неработници и секој ден се по кафани, прашање е дали парите се обезбедени од членството, од рекет на бизнисмени или од некои надворешни извори? Најголемата глупост која ја слушнавме во првите пет дена од власта на СДС е дека со рушењето на оградата на владата, тие ќе биле поотчетни и отворени кон граѓаните. Оградата на владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита. Прашање е зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа, дали тоа значи ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС?“, се додава.

Се предупредува дека СДСМ изминатиов период секојдневно креира лажни вести за штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фејк њуз медиумите не доволно се информирале дека седиштето на СДС е поголемо за 200 метри квадратни од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ги креираат лажните вести за партиските седишта, медиумите на СДС/Сорос забораваат дека поголемиот дел од штабовите се наследство од комунистичката партија или ги прибави бесплатно од државата или општините“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и повторуваат дека се гради ткн црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ  со цел да се прикрие безидејноста и да ја дефокусира јавноста од ветувања кои ги даваа пред изборите.