ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е навикната да делува во демократска атмосфера

Очигледно СДСМ  не е навикната да делува во демократска атмосфера во која различното мислење и критиката на погрешните тези се слободни, стои во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ од денеска.

„СДСМ реагира јавно затоа што ВМРО-ДПМНЕ  јавно изрази несогласување со неколку нивни тези и личности. СДСМ не поднесува конкуренција и веднаш кога некој ќе изрази јавно различно мислење го прогласува или за нервозен или за непријтел, или и двете заедно.“, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПНЕ.

„За СДСМ природна средина е тие да говорат, а сите други да молчат. Секое спротиствување создава немир заради нискиот капацитет и неидржаните тези, за кои немаат аргументи да се спротистават. “, пишува понатаму во рекацијата.