ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не нудат проекти, програми и мерки, туку фалсификати

Целата агенда на СДСМ е еден голем ФАЛСИФИКАТ. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати. Тие покажаа дека се спремни со црниот ѓавол да се здружат само да дојдат на власт без избори, подготвени се да наштетат на сите граѓани само за да ги остварат тесно партиските интереси, се вели во соопштението што денес ВМРО-ДПМНЕ го упати до јавноста како реакција на прес-конференцијата на технички назначениот министер Оливер Спасовски.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Секогаш кога СДСМ се фатени во криминал до гуша, од ракав ја вадат истата стратегија. Бегање од одговорност и нови лаги и манипулации за прикривање на аферите.

Наместо да одговори на крајно сериозните обвинувања за случајот „Фабрика за Афери“, Спасовски денес одлучи да настапи како портпарол на Катица Јанева, потврдувајќи ги сите сомнежи кои медиумите деновиве ги објавуваа за поврзаност и координираност меѓу Специјалното Јавно Обвинителство и СДСМ.

Спасовски и’ должи на јавноста одговори на многу прашања.

Зошто Оливер Спасовски е на сликите заедно со криминалците кои работеле во „Фабриката за афери“ на СДСМ?

За што разговарал Спасовски со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и третоосомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ?

Дали како генерален секретар, Спасовски договорил сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма Паркинзи на општина Центар од страна на претседателот на Општинската организација на СДСМ, Саша Богдановиќ?

Зошто Спасовски бараше истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените?

Зошто Спасовски барал увид во доказниот материјал?

И денешната нервозна и конфузна прес конференција на Оливер Спасовски беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот.

Јавноста го виде лицето, стилот и карактерот на СДСМ во оваа афера во која се живи фатени во криминални дејанија и директни конекции со криминалното подземје.

Коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив.

Целата агенда на СДСМ е еден голем ФАЛСИФИКАТ. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати. Тие покажаа дека се спремни со црниот ѓавол да се здружат само да дојдат на власт без избори, подготвени се да наштетат на сите граѓани само за да ги остварат тесно партиските интереси.

Постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.

Ако навистина Оливер Спасовски сака да биде искрен со јавноста мора да почне да дава одговори, меѓу другите и тоа дали разговарале со Зоран Заев во моментите кога се апселе криминалците и што било темата на разговор?

Јавноста бара одговори. Јавноста бара одговорност. Тоа е она кое што Оливер Спасовски најмалку може да го направи.