петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми, туку  тотална контрола врз медиумите

СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите. Вакви медиумски стандарди како што сака да наметне СДСМ има само во Северна Кореја и ИСИС, се вели во соопштението што ВМРО –ДПМНЕ го упати до јавноста.

vmro-dpmne

Поврзани вести

СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите. Вакви медиумски стандарди како што сака да наметне СДСМ има само во Северна Кореја и ИСИС, се вели во соопштението што ВМРО –ДПМНЕ го упати до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Медиумите кои според СДСМ се фер и избалансирани продолжија со несразмерно фаворизирање и отстапување простор на манипулациите и конструкциите на СДСМ и фабриката за афери.

ТВ 24 Вести повторно е најактивен избалансиран медиум според СДСМ, одделлувајќи 1019 секунди од својот централен дневник за ставовите и конструкциите на СДСМ, додека на второто место со значително заостанување зад 24 Вести се наоѓа ТВ Телма.

Со само 360 секунди дозволени за фабрикациите и конструкциите на СДСМ, Телма ризикува да го загуби статусот на телевизија која е избалансирана по теркот на СДСМ.

Промоција на манипулациите на СДСМ и фабрикување измислици против ВМРО-ДПМНЕ имаше во 120 текстови објавени вчера по порталите како Фокус, А1Он, Нова тв, Либертас и Плусинфо кои граѓаните ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ.

Вкупно од почетокот на март досега на само две телевизии во еден програмски појас СДСМ доби 45.705 секунди и повеќе од 2.000 текстови според смерниците од Бихаќка, за пропагандата базирана на измислиците од фабриките за афери на СДСМ.

За СДСМ фер и избалансирани медиуми се тие кои што одделуваат илјадници и илјадници секунди од својата програма секој ден за промовирање на манипулациите и лагите на СДСМ. Медиумите кои за лагите на Заев, Чауш и Спасовски не предвидуваат илјадници секунди секој ден се ставаат на листата на политички непријатели на СДСМ и за нив се бараат највисоки парични казни и одземање на лиценците.

Тоа е тоталитарниот однос на СДСМ кон медиумите. СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите.

Вакви медиумски стандарди како што сака да наметне СДСМ има само во Северна Кореја и ИСИС.

Најчитани вести