понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 8

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми, туку контрола врз медиумите

vmro-dpmne-sdsm_thumb_medium500_254

Поврзани вести

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми. Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Не запира неизбалансираното информирање на дел од медиумите на кои илјадници секунди секој ден добиваат манипулациите и насоките од СДСМ и нивните фабрики за афери.

24 Вести го предводеше блокот во своите централни вести вчера, одделувајќи 1322 секунди за измислиците и конструкциите на СДСМ, како и на промовирање на тезите и наративот од Бихаќка.

Најавувањето на 3 нови инвестиции во Македонија, рудниците Тораница и Злетово кои исто така ќе добијат нов инвеститор не беа доволно интересни за 24 Вести.

Телма невообичаено каска на второто место со само 937 секунди кои беа определени за промовирање на партиските тези и измислици на СДСМ.

Од почетокот на март на овие две телевизии во централните изданија на дневниците и дебатните емисии СДСМ доби 78.522  секунди за ширење на лагите и конструкциите од фабриката за афери, како што беа т.н. афери со лични карти, пасоши, возачки дозволи и избирачкиот список.

Тоа се телевизиите кои СДСМ ги нарекува фер и балансирани и не ги вклучува во своите извештаи со кои го утврдува балансот во медиумите. Другите телевизии кои не одвојуваат илјадници секунди секој ден за лагите на СДСМ, Заев веднаш ги става на списокот на политички непријатели на СДСМ и за нив бара одземање лиценци.

Ништо неочекувано ниту кај порталите кои објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

Овие портали за кои граѓаните сметаат дека работат како партиски гласила на СДСМ, како што се Нова тв, А1он, наградуваниот Фокус на Чауш и Арсиќ, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно беа посветени на обзбедување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос и продуцираа  текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и со промовирање на манипулативните тези и бесрамни измислици на СДСМ.

Порталите кои не пишуваат илјадници текстови по нарачка на СДСМ се исто така вброени меѓу политичките непријатели на Заев и СДСМ и против нив се организираат хајки и се врши срамен притисок.

Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди на телевизиите и нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.

Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС.

Најчитани вести