ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека одговори каде одеа парите во нивно време

Од ВМРO-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ велејќи дека јасно се гледа дека тие  говорат и баратаат со парите и милионите како со кило краставици и продолжуваат да тресат од ракав суми кои на луѓето им изгледаат далечни. Според нив, тоа е така, најверојатно заради самиот факт што нивното раководство плива во милиони, па заради тоа за нив е сеедно дали се 6 или 7, или се 60 или 200 милиони, тие само си тресат празни суми и празни обвинувања.

Ова уште еднаш покажува дека СДСМ се однесува несериозно и за нив вредноста на кажаниот збор е еднаква на нула.

„Ние уште еднаш прашуваме, каде оделе парите предходно во време на СДСМ, кога немаше ни градби, ни гаражи, ни субвенции, ни нови клинички центри, ни нови патишта, училишта, водоводи и канализации, спортски сали, немаше ниту покачувања на пензиите и платите и ниту една нова фабрика во Република Македонија“, стои во реакцијата на владејачката партија.Од таму се прашуваат што СДСМ правеше со парите од граѓаните. И тогаш, како и сега луѓето плаќаа даноци. Сега се гради насекаде, а тогаш никаде. Каде завршуваа парите од граѓаните кога СДСМ беше на власт?

Наместо да тресат бројки од ракав, потценувајќи го народот и сите нас, СДСМ нека одговори каде одеа парите во нивно време, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.