петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 14

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема економски резултати ниту во минатото, ниту денес

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

СДСМ нема економски резултати ниту во минатото, ниту денес. Најдобар пример за виртуелни инвестиции СДСМ може да погледне во Струмица и да се обиде да пронајде една тула од 300 фабрики кои ги најави Заев или барем еден вработен од 3.000 работни места кои Заев ги реализираше на ливадата десно од патот во Сачево, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ признава дека нема никаква визија и дека единственото нешто што успеала да направи партијата е да затвори 684 фабрики со криминалната приватизација и да остави на улица над 200.000 луѓе.

СДСМ ја остави Македонија во пустош.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ досега има отворено повеќе од 150.000 работни места. Бројот на работни места е зголемен од 560.000 во 2005 година на 711.000 во 2015 година. Ова во огромна мера е благодарение на повеќето од 50 директни странски инвестиции кои ги обезбеди владата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ само докажува дека нема воопшто срам кога одбира да говори  за невработеност и за отпуштања на работници.

Само во Берово во време на нивното владеење беа оставени на улица илјадници работници со затворањето на Огражден, Исхрана, МЗТ Пумпи, автотранспорт Берово, ЗИК Малеш. СДСМ остави илјадници семејства во Берово без егзистенција. Народот тоа го памети.

Народот памети и дека бројот на странски инвестиции во време на СДСМ е огромна чиста нула.

ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на привлекување на странски инвеститори и отворање на нови работни места. Токму затоа невработеноста изнесува рекордни ниски 25,5%, а во време на СДСМ таа изнесуваше 39%.

Токму затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 33,3%, а на СДСМ мизерни 14,7%.

СДСМ нема економски резултати ниту во минатото, ниту денес. Најдобар пример за виртуелни инвестиции СДСМ може да погледне во Струмица и да се обиде да пронајде една тула од 300 фабрики кои ги најави Заев или барем еден вработен од 3.000 работни места кои Заев ги реализираше на ливадата десно од патот во Сачево. Бројот на нови фабрики и вработени во индустриските зони од ветувањата на Заев е исто така огромна чиста нула.

СДСМ не може да се помири со овие факти. СДСМ не може да се помири дека има нула дела зад себе. Затоа се пишуваат соопштенијата во кои живее СДСМ на безбедно, до 24 април, избегнувајќи да се соочи со вистината.

Меѓутоа нема бегање од вистината. Нема бегање од соочувањето со народот. За само 129 дена доаѓа крајот за ваквиот деструктивен манипулаторски однос на СДСМ. Десетти пат по ред.

Најчитани вести