ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема храброст да ја признае неодговорностa и незрелостa на Заев

„Колку што ни е познато Зоран Заев немаше средба со шефот на Мосад, ниту таква средба била планирана”. Ова е најновата изјава на Амбасадорот на државата Израел во врска со скандалот кој го предизвика Зоран Лагата Заев.

Ова е вториот сериозен демант во овие три дена, после првиот во кој беше точно нагласено дека на куртоазните средби на Заев во Израел воопшто не било разговарано ниту за безбедносни, ниту за финансиски прашања, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Заев со овој дипломатски гаф и’ нанесе огромен срам на Република Македонија и со неговото лажење креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан.

СДСМ нема храброст да ја признае неговата неодговорност и незрелост. Нема храброст да признае дека лагите и манипулациите се неговиот основен модус операнди.

Ваквата катастрофа не заслужува несериозни партиски соопштенија. Не смее да се доведат во прашање односите меѓу Република Македонија и Израел.

Граѓаните на Македонија и на Израел мора точно да знаат за што се разговарало и со кого се сретнал Зоран Л. Заев.

Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбеносни или финансиски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија инсистираат на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа.

Дали Зоран Лагата Заев не разбрал со кого се сретнал и за што се разговарало или Зоран Лагата Заев намерно манипулирал со јавноста?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.