ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема каде да бега, во април ќе се потврди точноста на анкетите

Манипулациите, лагите и навредите искажани од страна на СДСМ неможат да ја изменат реалноста. Тоа е главниот страв и најголемата болка на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните 10 години наназад ја отфрлаат безидејноста на Зоран Лагата Заев, Радмила Шекеринска и Бранко Црвенковски. Јасно е дека македонскиот народ не греши.

СДСМ ги оспоруваше испитувањата на јавното мислење и пред минатогодишните избори, но од граѓаните стигна демантот со нивното гласање. Потоа го оспоруваше и избирачкиот список за сега јавно да признае дека нема потреба од негово менување и дека на штета на државата глумеле незадоволство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека во април ќе се потврди точноста на анкетите, без разлика дали тоа СДСМ го сакаат или не.