сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 3

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ нема ниту трошка кредибилитет да го критикува здравствениот систем

СДСМ нема ниту трошка кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница, се вели во соопштението што денес го упати до јавноста владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

VMRO

Поврзани вести

СДСМ нема ниту трошка кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница, се вели во соопштението што денес го упати до јавноста владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Во времето на СДСМ Министерството за здравство функционираше како скапа јувелирица во која министерот Владо Димов на своите колешки им купуваше бисери со државни пари.

Во времето на СДСМ Министерството за здравство имаше улога и на бизнис инкубатор за набавка на стентови од страна на високи партиски функционери на СДСМ.

Toa се проектите на СДСМ во здравството – бисери и тендери за партиските војници.

Криејќи се зад сопствените неуспеси, СДСМ продолжува со залудни обиди да ги засени реалните проекти на оваа Влада, од кои бенефит имаат сите граѓани во државата.

Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, од кои дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек.

Оваа Влада изгради комплетно нов објект за Детската болница Козле. Инвестиција вредна околу 7 милиони евра, реализирана според врвните европски и светски стандарди за здравствени услуги од оваа област. Болница која е единствена од ваков тип кај нас и една од најмодерните во регионот.

Оваа Влада изгради комплетно нов објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, со значително поголем простор од претходниот, и значително подобри и посовремени болнички услови. Клиниката е опремена и со нова опрема во вредност над 110 милиони денари.

Изградбата на нова клиничка болница во Штип е еден од најголемите инфраструктурни проекти во македонското здравство.

Оваа Влада ја гради штипската клиничка болница еднаш, за разлика од СДСМ кој ниту еднаш не изгради ниту нов објект за болница во Штип, ниту нов здравствен објект во било кој дел од државата.

На проектот за нова клиничка болница Штип Владата на ВМРО-ДПМНЕ работеше неколку години макотрпно, со максимална посветеност и со единствена цел – жителите од целиот регион на Источна Македонија да добијат најсовремен медицински центар според врвните европски и светски стандарди.

За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата ја основа првата државна кардиохирургија. Вкупната инвестиција е во вредност околу 140 милиони денари (околу 36 милиони денари за градежниот дел и над 100 милиони денари за најсовремена опрема со која може да се вршат сите типови кардиохируршки процедури).

Оваа Влада изврши целосна реконструкција на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ – Велес, со целосна реконструкција на сите павиљони, надворешна канализациона мрежа, нова станица и инсталација за медицински гасови, во вкупна вредност од 126.375.433 денари.

Оваа Влада изгради комплетно нов Дијагностичко-ургентен центар во рамки на Клиничка болница Тетово, со кој значително се подигнува нивото на квалитет на здравствените услуги во овој регионален медицински центар кој покрива поширок регион во околината. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 191.063.368 денари.

Оваа Влада изврши комплетна реконструкција на поликлиника Букурешт, во рамки на Здравствен дом Скопје, каде е извршена замена на внатрешна столарија, замена на подови,  обработка на ѕидови, внатрешно и надворешно осветлување и партерно уредување. Вредноста на инвестицијата изнесува над 25 милиони денари.

Еве уште само еден дел од покрупните инвестиции на оваа Влада во здравството:

Извршивме целосна реконструкција на новото крило и блок Д во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир – Скопје, во вредност од 86.061.823 денари.

Извршено е комплетно реновирање на дел од одделенијата во установата и замена на лифтовите во болницата Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Во Универзитетска клиника за детски болести Скопје извршена е замена на дотраените прозорци и санитарии.

СДСМ нема ниту трошка кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница.

Најчитани вести