ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никогаш нема да признае дека конечно македонскиот образовен систем оди нанапред

Наместо на некоја од често одржуваните паушални прес конференции да понудат конкретна мерка, проект или реформа, СДСМ продолжува да го критикува сето она што нејзините партиски кадри не успеале да го обсмислат и понудат пред јавноста, која континуирано ги казнува во изминатите 9 години, токму како резултат на недоволната посветеност и покажан капацитет за водење на државата, но и како резултат на свесноста за лагите, манипулациите и празните ветувања во нивните изборни програми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Петар Атанасов од СДСМ, кој порача укиување на екстерното, што според него е лошо законско решение кое прави  хаос во образовниот процес.

„Препознатливи по деструктивноста, често нудат мерки кои предвидуваат нешто да се укине, да прекине, да се отстрани…Повторно предлагаат укинување на екстерното тестирање, за кое впрочем неколкупати досега го менуваа ставот, еднаш се за, друг ден се против, трет ден ќе го менуваат, четврт ден ќе го укинуваат.

Се чини дека одбиваат да се соочат со фактот што екстерното тестирање е процес кој се имплементира во најголем број од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД, и процес со кој, во нашата земја се стави крај на ерата во која царуваше неправично оценување, започната во периодот на транзицијата кога многумина од членовите на СДСМ, неможноста да се посветат на образованието на своите деца, ја компензираа со поправање оценки преку притисоци врз наставниците и професорите, на кои им зависеше работното место од исполнувањето на таа обврска.

Таквата состојба е веќе минато. Сите ученици го добиваат заслуженото, исто и наставниците. Едноставно се враќа вредносниот систем базиран на личен труд и знаење.

Сепак, СДСМ никогаш нема да признае дека конечно македонскиот образовен систем почнува да оди нанапред и добива европски предзнак. Впрочем тоа е и нивната најголема болка. СДСМ-овската матрицата и погрешна тактика никако да се променат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.