понеделник, 2 јануари 2017  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ останува единствена партија водена од аболирано лице

vmro-dpmne-soopstenie

Последни вести

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, се вели во партиското соопштение.

Во продолжениe интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Изминативе 10 дена стана очигледно дека ниту Зоран Заев, ниту сопругот на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, ниту останатите обвинети во случајот „Пуч“ имаат намера лично да побараат повлекување на аболициите. Со одлуката на претседателот Иванов и овие лица, со исклучок на Зоран Заев, ќе одговараат пред законот исто како и сите други граѓани.

Со неа, до крај ќе излезе на виделина и целата конструкција на Зоран Заев против партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. Сега СДСМ останува единствена партија која е водена од лице аболирано за криминал тежок 8 милиони евра, а Зоран Заев останува единствениот политичар кој благодарение на неговиот преходник во партијата, Бранко Црвенковски е изземен од кривичен прогон.

Најчитани вести