ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ постојано бара алиби за поразот на престојните избори

Владејачката партија ја оцени денешната прес конференција на Дамјан Манчевски како  продолжение на пресовите и соопштенијата на СДСМ, во кои бараат алиби за поразот кој што им следи на претсојните избори.

„СДСМ не може да го прифати фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зад себе има дела. Резултатите од нашата работа се видливи исто како што е видлив пустошот тоа што зад себе го оставија владите на СДСМ. СДСМ не можат да разберат дека може да се работи и притоа да се дава отчет за сработеното“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму потенцираат дека и во тоа е и разликата помеѓу нив и СДСМ, бидејќи тие никогаш досега не далe отчет за сработеното, пред се поради тоа што и нема што да каже.