среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 38

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврдува дека има план за трајно населување на мигранти

vmro-dpmne-1

Поврзани вести

Владата на СДС со секој свој чекор, ја потврдува нивната стратегија и план, за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа говорат и дузината дописи, кои што Министерството за труд и социјална политика ги има пратено до општините во кои што се бара обезбедување на локации за градба на објекти, кои што ќе бидат наменети за населување на мигранти. Неосновани се нивните обвинувања и мафтање со дописи од 2012-та година, кои што првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, случаи  кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега.

Најдобар демант за манипулациите на Царовска и МТСП, и Владата на СДС е и фактот што од тогаш до сега поминаа 5 години, а владата на ВМРО-ДПМНЕ не изгради никаков објект за населување на мигранти.

Очигледно Владата на СДС си ја ишка мувата од капата, а јавноста очекува одговори како ќе им обезбеди работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои што планира трајно да ги насели на територија на Република  Македонија, и како ќе се справи со дизбалансот кој што ќе се постигне на пазарот на работна сила. Дали тоа ќе значи банкрот на многу општини во Република Македонија“ – стои во реакцијата од опозициската партија.

Најчитани вести