ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пред најсигурниот пораз на изборите, повторно лаже за здравството

СДСМ во очајна паника пред најсигурниот пораз на изборите, повторно лаже и манипулира кога лицемерно зборува за здравстото во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од сооопштението:

СДСМ во очајна паника пред најсигурниот пораз на изборите, повторно лаже и манипулира кога лицемерно зборува за здравстото во Република Македонија.

Лаже за недостиг на лекови, лаже како вистинска некрофилска партија за бројот на починати доенчиња кој го пумпа без никаков научен основ, само затоа што СДСМ сака на јавноста да и прикаже што повеќе мртви бебиња. Од ваквите некрофилски лаги на СДСМ се згрозува секој граѓанин на Република Македонија.

СДСМ освен да лаже кога е здравството во прашање, не знае ништо друго. Да знаеше во свое време ќе променеше барем една сијалица во некоја болница. Но СДСМ не го направи ни тоа.

СДСМ знае дека ВМРО ДПМНЕ го реформираше и модернизираше здравството и здравствениот систем во државата, за кој СДСМ не мрдна со прст кога имаше прилика. Затоа СДСМ е полн со фрустрација и деструктивност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во здравството има инвестирано околу  200 милиони евра во набавка на нова медицинска опрема и изградба и реконструкција на јавни здравствени установи.

Благодарение на ова Република Македонија е рангирана како 16-ти по квалитет здравствен систем во Европа, од страна на Европскиот здравствен потрошувачки индекс кој се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравствениoт систем во Европа.

Кога СДСМ управуваше со здравството во Р.М. бевме залепени на европското дно според квалитетот на здрвствениот систем во Европа.

Еве само мал дел од инвестициите на владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, кои СДСМ не би ги направил ниту во 100 години владеење.

После 40 години, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја основа првата Државна кардиохирургија во Македонија на која досега се изведени околу 230 операции.

Успешно функционира и Детската кардиохирургија. Интервенциите се вршат со најреномирани доктори од САД кои повеќе пати годишно престојуваат во Република Македонија и Детската хирургија.

Изграден е комплетно нов објект на „Детска болница – Козле“, Скопје. Изградени се клиника за Гинекологија и ПЕТ Центар кој користи најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно лекување, следење, како и следење на успешноста на терапијата. Ваков центар во поширокиот регион има само во Истанбул и Виена.

Комплетно се реконструирани Детска клиника, Градската општа болница 8 Септември, болницата во Охрид и болницата ”Јасеново”.

После 50 години комплетно е реновирана поликлиниката Букурешт.

Континуирано се инвестира во опрема, при што само од 2014 до денес се инвестирани над 15 милиони евра во набавка на нова медицинска опрема која се состои од: апарати за компјутерска томографија, мамографи, дигитални рендген апарати, ЕХО-апарати, гинеколошки 4Д ЕХО-апарати, магнетна резонанца, дензитометри, ангиографи итн.

СДСМ лаже за неможноста да се дојде до термин за преглед. Ова беше одлика токму на времето на СДСМ кога граѓаните мораа да  бараат начини и врски за да дојдат до преглед.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го воведе Националниот систем за електронски евиденции во здравството МОЈ ТЕРМИН, што претставува најголем централизиран и целосен онлајн систем во државава и регионот. Со ова во реално време е возможно добивање податоци за пациентите, докторите, здравствените услуги кои се исклучително значајни за градењето на здравствената политика во државата.

Дополнително воведени се поливалентни вакцини, бесплатни прегледи за трудници, бесплатен мамографски скрининг, овозможeно e сурогат мајчинството во Република Македонија, легализацијата на канабисот за медицински цели, овозможени се кофинансирани приватни специјализации и плата за тие приватни специјализанти кои ќе бидат примени на кофинансирана специјализација, зголемувањето на платите на лекарите, враќањето на над 200 лекари-специјалисти од приватно во јавно здравство

Ова се само дел од мерките и реформите кои се дело на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Министрите на СДСМ во здравството може да се пофалат само со купување гердани за своите вработени.

Затоа СДСМ е 10 години во опозиција и таму и ќе остане уште долго време.