ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку Владата со парите на граѓаните ја плаќа царината за увозот на фирмата на Анѓушев

Владејачката СДСМ ја претвори државата во приватна фирма, која работи за потребите на партијата и бизнис моќниците во врвот на власта и безсрамно преку владата со парите на граѓаните ја плаќа царината за акумулаторите кои ги увезува фирмата на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„СДС ја претвора државата и граѓаните во робови на мултимилионерот Анѓушев, кланот Заеви и бизнис моќниците блиски до власта, за со нивните пари и труд да ги зголемуваат сопствените богатства, плаќајќи ја царината за фирмите на Анѓушев.бСДС безсрамно ги лаже граѓаните со секое партиско соопштение. СДС се става во функција на портпарол на владата и невешто се обидува да ја правда одлуката на владата за ослободување од царина на акумулаторите кои во Македонија ги користи само фирмата на Кочо Анѓушев“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 Од партијата додаваат дека животот кој го ветувале СДС донесе економска стагнација, огромно неосновано задолжување и инфлација за граѓаните, а полни џебови за моќниците од власта.

„СДС ги манипулира граѓаните и под превезот заштита на животна средина, воведува повисоки даноци кои ќе ги плаќаат најсиромашните, а даночни и царински ослободувања за најбогатите, тоа е еднаквоста и солидарноста која ја ветуваше СДС“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.