ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го преспа ребалансот на буџетот

СДСМ го преспа ребалансот на буџетот. Доколку СДСМ изразеа порано желба да дебатираат за ребалансот, ќе им го испратевме во Грција, да го прелистуваат додека се сончаат на грчките песочни плажи. Ова меѓу другото стои во соопштението што денес владејачката партија го упати до јавноста.

Во продолжение интегрален текст од соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

СДСМ го преспа ребалансот на буџетот, кој патем е во Собрание уште од јули месец. Доколку СДСМ изразеа порано желба да дебатираат за ребалансот, ќе им го испратевме во Грција, да го прелистуваат додека се сончаат на грчките песочни плажи. Но, ќе имаат повторно шанса и со нетрпение ги очекуваме во Собранието на дебата за буџетот 2016.

Она што СДСМ го чуди најмногу е натфрлањето на приходите. И тоа после се што направија со креираната политичка криза за да ја урнисаат македонската економија. Но не им појде од рака. Добрите перформанси на буџетот се факт, како и проектите кои се реализираат со него.

Даночните приходи изминатите месеци се натфрлени за 14 отсто. Тоа остава простор не да се крати, туку да се вложат повеке пари за капитални инвестиции. За милјарда и 260 милиони денари се зголемуваат капиталните инвестиции. Околу 370 милиони денари се одвоени дополнително за проектот за гасификација и изградбата на гасоводната мрежа од Клецовце до Штип и исто толку околу 370 милиони денари се изводени за водоводи и канализации во сите населени места во Република Македонија. Околу 220 милиони денари се издвоени повеќе за реновирање и изградба на училишта и спортски сали ширум Македонија. Шеесет милиони денари дополнително во однос на основниот буџет се издвоени за реновирање на Студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје и тн. Освен  тоа, се обезбедија и плус пари за отштета за поплавите што се случија во февруари и март.

Ги зголемивме  и пензиите, стипендиите за учениците и студентите, како и платите за полицајците.

Македонија вработува има одлични резултати, кои веќе ги чуствуваат 4.600 граѓани кои добиле работа благодарение на проектов.

Граѓаните знаат да препознаат дела, тоа е она што ги прави СДСМ нервозни.