ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ редовно злоупотребува трагични настани и човечки судбини во политичка конотација

Срамните манипулации на СДСМ дека „ќе се дознаела вистината“ продолжуваат и понатаму, исто како што СДСМ во напад на безумна некрофилија редовно злоупотребува трагични настани и човечки судбини во политичка конотација. Срамот СДСМ ќе го носи засекогаш, а казната доаѓала и ќе доаѓа од граѓаните кои се срамат од ваквото однесување на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ упатено до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

„Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти“ – ова се зборови на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Со денешното антидржавно и некрофилско соопштение СДСМ само го потврди кажаното од Заев.

Граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители.

Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи се на местото каде своите животи ги положија хероите.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов акцијата на безбедносните сили во која гинеа македонските бранители подбивно ја нарекуваше „играње камај“, а новинарските перјаници на СДСМ подгреваа етничка омраза со лаги и манупулации за измислени цивилни жртви.

Ова е СДСМ и граѓаните тоа јасно го видоа по којзнае кој пат. Дури и една година подоцна реториката на СДСМ не е променета.

Нивните партиски активисти секојдневно ги омаловажуваат безбедносните сили, ги напаѓаат и им посакуваат „да им се деси Куманово пак“.

Оливер Спасовски не присуствуваше за време на постхумното одликување на загинатите бранители.

Срамните манипулации на СДСМ дека „ќе се дознаела вистината“ продолжуваат и понатаму, исто како што СДСМ во напад на безумна некрофилија редовно злоупотребува трагични настани и човечки судбини во политичка конотација.

Срамот СДСМ ќе го носи засекогаш, а казната доаѓала и ќе доаѓа од граѓаните кои се срамат од ваквото однесување на СДСМ.