ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ самите се фаќаат во сопствените лаги

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали, со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Македонија, а ваквите панични изјави и прес-конференции како денешната само ја докажуваат неуверливоста на СДСМ и фактот дека самите се фаќаат во сопствените лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме, Заев беше човекот кој јавно и соопшти на јавноста дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријателите од странство и кој на премиерот му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, човек кој јавно се закани кога ќе дојде на власт сите вработени ќе ги замени со членови на СДСМ. Додека Заев и СДСМ го трошат своето време на одработување туѓи сценарија, ВМРО-ДПМНЕ го посветува целото свое внимание на проекти, идеи и предлози што се од полза на реалните потреби на граѓаните и ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот и стандардот во Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.