ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја злоупотреби трагедијата од поплавите

Лудилото и очајот во СДСМ завземаат драматични размери. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади нанекрофилија започнува да доминира на Бихаќка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Нема граѓанин на Македонија кој не се срами од чистата некрофилија со која СДСМ срамно се обидува да собере некоја трошка меѓу политичките поени.

Нема човек кој не смета дека се врв на дегутантност класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе.

Граѓаните знаат дека членовите и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа на терен, меѓу армијата и волонтерите, помагајќи им на настраданите во поплавените подрачја во страшната природна катастрофа.

Граѓаните исто така знаат дека во исто време аболицираниот криминалец Зоран Заев се сликаше по кафулиња со девојки од Струмица. Затоа позерите од СДСМ се нервозни до критично ниво на некрофилија и злоупотребуваат трагедија без да имаат елементарно чувство за човечност и хуманост.

Но ниту една лага од нивната некрофилска фабрика за афери нема да го промени фактот дека обилконицата е проектирана во време на СДСМ. Овој проект и сите последици од него, колку и да сакаат некрофилите од СДСМ, не може да го препишат на ВМРО-ДПМНЕ.

На Бихаќка тоа добро го знаат и во очајна паника сламката на спасот ја бараат во повторување на една лага по сто пати, надевајќи се дека ќе стане вистина. Не станува.

СДСМ ќе биде казнет од граѓаните за ваквото срамно однесување. Се што треба е да собере храброст конечно да се појави на избори, а не да бега од нив. Нема бегање од казната од народот. Таа доаѓа, 10-ти пат по ред.