ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се упорни да ја остварат Тиранската платформа

Криминалецот Заев и злосторничкото здружение во врвот на СДС упорно ја туркаат Тиранската Платформа и не се откажуваат од нејзината реализација спротивно на волјата на граѓаните, се истакнува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата наведуваат дека челникот на социјалдемократите и неговите поддржувачи од партискиот врв во обидите да дојдат на власт и да се спасат себе си од многубројните кривични прогони за криминалите кои ги извршиле, се подготвени да ја реализираат платформата од Тирана.

„Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите кои ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Заев ова го прави сосема отворено и „бесрамно“ ги лаже и граѓаните и оние коишто гласале за него.

„Мухамед Зекири од СДС лично потврди дека СДС прифатил сé од Тиранската платформа.Заев го демантира и Зијадин Села кој јавно кажа дека без реализирање на Тиранската платформа не влегува во влада. Зијадин Села е човекот од кого ќе зависи идното владино мнозинство на Заев, а кој јавно кажува дека македонската нација пред 100 години не постоела, дека не го признава македонското знаме и химна и дека сака да ги смени и нив и Уставот“, се додава.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, го прозиваат Заев за молкот пред ваквите изјави на неговите коалициони партнери со коишто се подготвува да ја состави новата влада, и потсетуваат дека лидерот на СДСМ не се огласи ниту по повод изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на неговиот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати кои беа насочени против унитарниот карактер на Република Македонија.

„Граѓаните се постизборно измамени, Заев им сервира нешто за коешто не гласале на избори. Затоа граѓаните со право се револтирани. Граѓаните се против секакви странски платформи и мешања во внатрешните работи на Македонија. Тоа секој ден јасно го кажуваат на улиците ширум Македонија и тоа треба да се почитува. Народот е на нозе! Македонија се буди!“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.