среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата

Граѓаните ниту се слепи, ниту забораваат. Затоа знаат дека СДСМ има нула кредибилитет да зборува за судството и поврзаноста на партиите со судовите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Поврзани вести

Две работи се многу сигурни во моментов: поразот на СДСМ на изборите кои се пред нас и очајничките потези на тимот од Бихаќка кои ќе зачестат, како што ќе расте паниката во нивниот табор од ден на ден, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Па така, во очајничка атмосфера, СДСМ ќе мисли дека граѓаните заборавиле која е партијата која во само еден ден смени и избра 617 судии и повеќе од сто обвинители.

СДСМ мисли дека граѓаните не знаат дека Наташа Габер Дамјановска е сестра на Виктор Габер несудениот министер за надворешни работи од СДСМ.

СДСМ мисли дека граѓаните не знаат дека Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева е кумашин на Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Но граѓаните ниту се слепи, ниту забораваат. Затоа знаат дека СДСМ има нула кредибилитет да зборува за судството и поврзаноста на партиите со судовите.

За да воспостави контрола врз судството СДСМ преку своите невладини експоненти упати срамни закани до уставните судии, најавувајќи им дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци ако не ги слушаат директивите од Бихаќка.

Во 2009 година СДСМ 2009 беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес СДСМ 2016 е ЗА измените во законот за помилување. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ го менува својот став во зависност од тоа дали на чело на државата имаат претседател кој може да аболицира криминалци како Зоран Заев.

СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.

Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по ред.

Најчитани вести